„Би-Би-Си“: Велика Британија му испраќа сигнали на Кремљ да не очекува постигнување придобивки преку насилни средства

Од:

Властите во Лондон се обидуваат како неуспех да ја прикажат руската воена агресија врз Украина, но ретко успеваат да појаснат што тоа практично значи, пишува „Би-Би-Си“.

Според Британскиот јавен сервис, исклучок е шефицата на британската дипломатија Лиз Трас, која во своите изјави е концизна посочувајќи дека Русија треба „во целост“ да биде истисната од Украина.

Трас синоќа дури отиде чекор подалеку, нагласувајќи пред лидерите на групата Г7 дека санкциите против Москва не смеат да бидат укинати се до целосното повлекување на руските сили од Украина и постигнувањето мировен договор.

Таа рече дека рускиот претседател Владимир Путин мора да се соочи со таков пораз, што ќе му „ускрати каква било корист и на крајот на краиштата ќе го одврати од агресивни активности во иднина“.

Се проценува дека таквите експлицитни и максималистички изјави се сигнал упатен до Кремљ да не очекува остварување какви било придобивки преку насилни и агресивни активности. Но од друга страна, одредени аналитичари предупредуваат дека таквите специфични ставови би можеле еден ден да дојдат во колизија со интересите на Украина и на тој начин да го отежнат постигнувањето мировен договор и политичко разрешување на кризата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски