Би-Би-Си укинува 450 работни места во секторот вести

Од:

Би-Би-Си објави денеска дека ќе укине околу 450 работни места во секторот вести, како дел од заштеда од 80 милиони фунти и модернизација на програмата.

Корпорацијата објави дека истовремено ќе ја реорганизира својата редакција заснована врз моделот „новинарска приказна“.

Треба да ја преобликуваме Би-Би-Си Њуз за следната деценија за да заштедиме значителна сума пари, рече Фран Франсвор, директор за вести и тековни работи.

Ние трошиме премногу од нашите ресурси на традиционалното линеарно емитување, а не доволно за дигиталното, додаде тој.

Вo Би-Би-Си работат околу 6.000 луѓе меѓу кои и 1.700 вон Велика Британија. Нивниот буџет по потегот ќе биде околу 480 милиони фунти годишно.

Би можело да ве интересира

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

Орце Костов

Во случајот со водителот на Би-Би-Си нема кривично дело, тврди лондонската полиција

Скандал во Би-Би-Си: Познат водител е манијак, го криеле неговото име додека не проговори неговата сопруга

Би-би-си го повлече Гери Линекер од програма поради твит против владата

Откази во американски медиуми поради лоша економска состојба

Горан Наумовски