Би-би-си: Иранска авиокомпанија го ширела вирусот на Блискиот Исток

Од:

Иранската авиокомпанија „Махан ер“ , поврзана со Иранската револуционерна гарда, превезувала патници заразени со Ковид-19 и со тоа придонела во ширење на вирусот на Блискиот Исток, објави Би-би-си.

Компанијата превезувала заразени патници од Иран во Либан и во Ирак, по што во двете земји се појавиле првите случаи на новиот коронавирус.

Неименуван извор од од авиокомпанијата тврди дека членовите на екипажот од авионот на „Махан ер“ биле замолчени кога се обиделе да покажат загриженост и да укажат на несоодветни превентивни мерки на летовите кон Либан и Ирак.

Според евиденциите за воздушен сообраќај во Централна Азија, константирано е дека авионите на „Махан ер“ повеќе пати летале и за Кина и покрај забраната на Иран за воздушен сообраќај.

Иранската авиокомпанија одби да ги коментира наводите на Би-би-си.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он