Бездомник извадил нож на аеродромот во Париз, полицијата го уби

Од:

Полицаец утрово на аеродромот Шарл де Гол во Париз уби маж кој пред себе извадил нож, соопштија извори од аеродромот.

„Утрово полициски службеници неутрализираа лице кое претставувало закана и било вооружено со ладно оружје на аеродромот „Роаси Шарл де Гол“, објави париската полиција на својот Твитер профил.

Инцидентот се случил околу 08:20 часот. Чуварите го предупредиле бездомникот да се оддалечи, а полицијата била повикана да помогне, изјави извор од аеродромот. Мажот се оддалечил, а потоа се вратил и извадил нож.

“Висок човек замавна со предмет што личеше на нож кон полицијата. Беше предупреден, но тој се приближи и полицаецот пукаше. Беше испукан само еден истрел”, изјави фотограф на агенцијата Франс прес, кој бил сведок на инцидентот.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа во престрелка во Швајцарија

(ВИДЕО) Пукање во Шведска: Ранети тројца тинејџери

Предраг Петровиќ

САД: Полицијата уапси маж кој пукаше пред синагога

Напаѓачот од Лас Вегас, долгогодишен професор, имал листа за отстрел

Пукање на Бит Пазар, уапсен е пиштолџијата

Пукање во центарот на Брисел: Четири лица се повредени

Горан Наумовски