ВИДЕО: Берни Сандерс се откажа од претседателската трка во САД, а Бајден се заблагодари

Од:

Берни Сандерс, сенаторот од Висконсин, ја напушта трката за претседателски кандидат на Демократската партија на САД за изборите што се закажани за 3 ноември, соопштија од неговиот изборен штаб.

2020 Democratic presidential candidate Bernie Sanders announces he is suspending his campaign.

Posted by Fox News on Среда, 08 април 2020

Демократскиот кандидат својата одлука ја соопшти обраќајки се до јавноста преку видео кое го пренесоа сите национални медиуми во САД и светот, по ваквата одлука сега противкандидат на актуелниот претседател Трамп за изборите оваа година, ќе биде демократот од Делавер, поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.

Сандерс се обрати до своите поддржувачи со следниве зборови:

-Не можам да продолжам со чиста совест кампања која не можам да ја добијам и која ќе пречи во важната работа што ни претстои.

Кандидатот изјави дека неговото име ќе стои во избирачките ливчиња и дека се уште ќе собира гласови за делегати, во обид да ја пренесе својата порака и да влијае врз демократската платформа.

-Кампањата е завршена, но нашето движење продолжува, изјави Сандерс.

Поради тешката пандемија на коронавирус во САД, кампањите и митинзите на двајцата преостанати кандидати за номинација од редовите на Демократската партија, поранешниот потпретседател Џо Бајден и Сандерс, се запрени со недели.

Поради карантинот, двајцата се појавуваат мошне ретко на телевизија и се обраќаат во живо на интернет.

Се дознава дека Сандерс бил повикан да излезе од кампањата за обединување на Демократската партија со една цел – пораз на актуелниот претседател, Доналд Трамп.

Ведаш по изјавата на Сандерс, Бајден се заблагодари на „лидерот“ од Вермонт и ги повика неговите поддржувачи да се придружат.

-Треба да ги заслужам вашите гласови… ве гледам ве слушам и ја разбирам итноста на моментот, се надевам дека ќе се придружите. Добредојдени сте, потребни сте, соопшти Бајден на Твитер.

Во соопштение се јави и Трамп, кој вината за поразот на Сандерс ја посочи кон сенаторката Елизабет Ворен, која учествуваше во трката за номинација.

-Ако не беше таа, Сандерс ќе победеше на супер вторникот. Ова заврши токму како што сакаа ДНЦ и демократите… напиша Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно преку Твитер: Јас сум победник, победата на Бајден не е легална!

А1он

До јануари нема мнозинство во Сенатот на САД

А1он

Трамп се врати во Белата куќа

А1он

Која е Камала Харис – првата жена, потпретседателка во историјата на САД

А1он

Меркел му ја честиташе победата на Бајден

А1он

Али Хамнеи: Изборите во САД се претстава

А1он