Берлускони преку писма ги убедува гласачите, дека ќе им го врати данокот од 2012

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони предизвика големи негодувања кај своите политички ривали, бидејќи неколку дена пред изборите на милиони Италијани им вети дека ќе ги врати парите од данокот кој го платиле во 2012 година.

Важно известување за враќање на парите од данокот за 2012 година, стоеше на писмата кој стигнале на домашните адреси, на милиони гласачи.

Во писмото е наведено дека непопуларниот данок за имотот кој го воведе технократската влада на Марија Монтиј ќе биде директно уплатен на банскарската сметка или ќе може лично да се подигне на шалтерите во поштите, пренесе Ројтерс.

Лидерот на Демократската партија, Пјер Луиџи Берсани, чија партија според резултатите на анкетите е најпопуларна кај Италијаните, потегот на Берлускони го нарече измама.

-0ва е кампања која што не можам да ја прифатам. Време е да бидеме посериозни – рече Берсани.

Поранешниот државен обвинител, Антонио Ингроиа кој ја напушти положбата на борци против мафијата за да не учествува во изборите, уште поостро реагираше, истакнувајќи дека Берлускони со ова писмо во кое ветува дека ќе го врати данокот во замена за гласови е беден и можеби тоа се две кривични дела.

Берлускони во почетокот на јануари вети дека на избирачите ќе им го врати данокот, што од тогаш повеќе пати го повтори, надевајќи се дека повторно ќе постигне успех како на изборите во 2008 година.

Но, во анкетата се покажа дека во ветувањето на Берлускони за враќање на данокот, веруваат само 15 проценти Италијани.

Парламентарните избори во Италија ќе се одржат на 24 и 25-ти февруари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим