Берлин во дипломатска офанзива за смирувањње на кризата со Катар

Од:

Германија ќе биде еден од главните медијатори во надминување на дипломатската криза предизвикана од одлуката на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин за прекин дипломатските, трговските и сообраќајните врски со Катар.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, ова денеска го најави германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел по средбата со неговиот катарски колега Адил бин Ахмад ал Тани во градот Волфенбетел.

Габриел, кој пред два дена индиректно ги обвини САД за тензиите во реонот на Персискиот Залив, денеска повика на дипломатски напори за решавање на кризата во која Катар од своите соседи е обвинет за поддршка на терроризмот.

По средбата со Ал Тани, Габриел повика на укинување на забраната за прелети за катарските патнички авиони.

– Убедени сме дека сега е време за дипломатија и мораме да разговараме едни со други, заедно со нашите американски колеги, но пред се со колегите во регионот. Мораме да се обидеме да најдеме решенија особено за морската и воздушната блокада на Катар, изјави Габриел, по оваа втора средба со катарскиот колега за два дена.

Во дипломатската иницијатива на Германија за смирување на тензиите во Заливот, Берлин може да очекува помош од Владата на Кувајт која што засега е релативно неутрална во конфликтот меѓу Катар и неговите соседи.

Би можело да ве интересира

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје