Берлин: Од Иран зависи кога ќе му бидат укинати санкциите

Од:

Германија целосно го разбира иранското барање за итно укинување на сите санкции по стапувањето во сила на конечниот договор за спорната иранска нуклеарна програма, но властите во Берлин сметаат дека Техеран прво треба да ги исполни условите од тој договор.

Иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи вчера изјави дека ниту го поддржува, ниту го отфрла постигнатиот на 2 април меѓусебен рамковен договор со шесте свестки сили, но настојува сите санкции воведени против Иран да бидат итно укинати доколку се постигне конечен договор до крајниот рок 30 јуни.

– Го разбираме интересот на Иран да се укинат санкциите против Иран што е можно побрзо, но досега не сме разгледале план со месеци и денови, изјави портпаролка на германското Министерство за надворешни работи.

Таа нагласи дека санкциите ќе бидат укинати само ако Иран ги исполни условите од конечниот договор и ако тоа исполнување биде потврдено од Меѓународната агенција за атомска енергија

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски