Берлин нуди помош во истрагата за хеликоптерската несреќа во Украина

Од:

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер објави дека на Киев му понудила германска поддршка во истрагата со цел да се разјаснат причините за хеликоптерската несреќа во која, според првичните проценки, загинаа 16 лица, меѓу кои и нејзиниот колега, украинскиот министер Денис Монастирски.

Несреќата е „страшна вест“, рече Фезер во соопштението за печатот, велејќи дека е длабоко „тажна“ поради смртта на нејзиниот колега и неговите соработници и фактот дека загинале и деца.

Ова уште еднаш го покажува огромниот данок што Украина го плаќа во оваа војна, рече канцеларот Олаф Шолц во објава на својот Твитер профил.

„Нашите мисли на овој тажен ден се насочени кон роднините на жртвите и повредените“, како и кон шефот на државата Володимир Зеленски, „кој денеска го загуби својот министер за внатрешни работи“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ