Берлин: Москва треба да му пружи медицинска помош на Навални

Од:

Русија треба веднаш да му пружи медицинска помош на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е во затвор две години и чие здравје е влошено, соопшти денеска германската Влада.

– Со голема загриженост добивме информации за критичната здравствена состојба на Алексеј Навални, изјави денеска портпаролката на германската Влада Кристијане Хофман.

Според неа, она што се случува во Навални може да им се случи на сите оние кои во Русија го креваат својот глас против власта на Владимир Путин.

Навални во средата изјави дека има симптоми на грип и оти му била одбиена соодветна медицинска помош.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пресуда на Европскиот суд за човекови права: Русија не направила добра истрага за труењето на Навални

Ново судење на Навални за екстремизам, започнува следната недела

Ана Ололовска

ОН и порачаа на Русија: Навални има потреба од итна медицинска помош

Ана Ололовска

Навални: Ме обвинија за тероризам, ме чекаат уште 30 години затвор

Ана Ололовска

Шавединов: Навални e oтруен во затвор

Навални имал мистериозни симптоми, лекарите мораа да интервенираат во неговата ќелија

Ана Ололовска