Берлин го менува законодавството заради полесно добивање германско државјанство

Од:

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фасер денеска претстави делови од нацрт-закон со кој треба да се олесни добивање германско државјанство, па така наместо со осум ќе може да се побара по пет односно три години легален престој.

– Наместо сегашните осум години, државјанство ќе може да се добие по пет години легален престој, а во случај на многу успешна интеграција и по три години, изјави таа пред германските новинари. Под многу успешна интеграција таа подразбира брзо учење германски јазик и добро вклопување во работниот или образовниот систем на државата.

„Нацрт законот е подготвен и испратен во надлежните министерства за проверки“, соопшти денеска МВР на Германија. Деталите од законот веќе се договорени меѓу партиите од владејачката коалиција.

Според нацрт-законот, деца родени во Германија автоматски добиваат државјанство ако еден од родителите најмалку пет години легално престојува во Германија.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени