Берлин бара Москва да влијае врз сепаратистите во источна Украина

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел денеска од Русија побара да изврши притисок врз сепартиситте во источна Украина, со цел да го повлечат тешкото оружје од линијата на разграничување со украинските сили.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, ваквото барање Габриел му го пренел на својот руски колега Сергеј Лавров на маргините на состанокот на групата 20 најразвиени земји во Бон.

Според дипломатски извори, Габриел од Лавров побарал Русија да стори се што може за да се обезбеди имплементација на договорот од Минск, со кој се предвидува повлекување на тешкото оружје од локациите на линијата на фронтот во источна Украина.

– Од суштинска важност е да се стабилизира примирјето кое што е премногу кревко, изјави германски дипломатски извор по разговорите меѓу Габриел и Лавров во Бон.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“