Беркоу: Брегзит е најголемата грешка на Велика Британија по војната

Од:

Доскорешниот спикер на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркоу изјави дека одлуката за излегување на земјата од ЕУ ја смета за најголемата грешка на Велика Британија по војната.

-Ако сакате чесен одговор – не мислам дека таа и помогна на Велика Британија. Верувам дека многу години наназад бев праведен кон приврзаниците на Брегзит, давајќи им право да поставуваат екстремни прашања и да почнуваат итни дебати, како и кон противниците на Брегзит. Избрав да се направат исправки во тронскиот говор ( владината програма) за спроведување на референдумот за членство во ЕУ, затоа што тоа беше легитимен предлог и многу пратеници се потпишаа под предлогот. Бев праведен со сите, бев непристрасен на својата функција. Но, веќе не сум на функцијата и не сум должен да останам непристрасен, рече Беркоу.

„ Доколку ме прашувате дали Брегзит е во наш интерес, чесниот одговор е не. Брегзит го сметам за најголемата надворешнополитичка грешка во повоениот период”, рече спикерот, кој од функцијата се повлече на 1 ноември и денеска зборуваше пред членовите на Лондонската асоцијација за странски дописници.

Беркоу забележа дека ја почитува позицијата на премиерот Борис Џонсон и неговото право како лидер на најголемата партија во парламентот да ги брани своите ставови.

-Но, мое лично мислење е дека Брегзит не одговара на нашите интереси. Ние сме дел од политичкиот блок, трговскиот блок. И мислам дека е подобро да останеме дел од политичкиот блок, рече Беркоу.

Спикерот Џон Беркоу одигра клучна улога во многу ситуации поврзани со Брегзит. Често пати против волјата на владата им даваше зелено светло на измените, што беа предложени од претставници на различни политички погледи. Самиот Беркоу е една од најпознатите политички фигури во Велика Британија, во голем степен благодарение пред се на неговиот личен шарм и остроумност.

Би можело да ве интересира

Нема да има автоматска депортација на лица од ЕУ од Британија по брегзит

Северна Ирска добива помош од Лондон од две милијарди фунти

Ана Ололовска

Европратениците загрижени за правата на граѓаните поради Брегзит

Ана Ололовска

Британскиот амбасадор во Иран ја напуштил државата по приведувањето

Ана Ололовска

Велика Британија забрани користење кредитни картички за обложување

Ана Ололовска

Париз, Лондон и Берлин активираат механизам за спорот поради Иран

Ана Ололовска