Бери седми пат избран за претседател на либанскиот Парламент

Од:

Либанскиот Парламент денеска по седми пат го избраа Набих Бери, сојузник на моќното шиитско движење Хезболах, за претседател на законодавниот дом.

Осумдесет и четиригодишниот Бери кој 30 години е претседател на Парламентот, го доби и новиот четиригодишен мандат, независно што движењето Хезболах и неговите сојузници изгубија мнозинство во Парламентот на последните избори, што беа одбележани со влез на независни кандидати.

Тој ја доби поддршката на 65 од 128-те пратеници, наспроти претходниот избор во 2018 година кога освои 98 гласа.

Дел од пратениците изразија противење на неговиот реизбор со пишување слогани на гласачките ливчиња. „Правда за жртвите од експлозијата во Бејрут“, напишаа некои од пратениците, притоа алудирајжи на експлозијата во пристаништето Бејрут во 2020 година кога загинаа повеќе од 200 луѓе. На неколку други гласачки ливчиња пишуваше „Локман Слим“ – името на активистот и интелектуалецот кој го критикуваше Хезболах, пронајден убиен во неговиот автомобил во февруари минатата година.

Бери успеа да добие уште еден претседавачки мандат во време кога Либан се соочува со најтешката социо-економска криза во историјата на државата. Голем дел од населението, меѓународните организации и странските земји ја припишуваат ситуацијата на корупцијата и инертноста на владејачката класа што остана непроменета со децении, на која припаѓа и Бери. Набих Бери ќе претседава со силно поделен Парламент, што ги зголемува стравувањата од нови неуспеси како оние што со децении го парализираа либанскиот политички живот.

Новото Собрание е задолжено да ги усвои долгоочекуваните реформи за надминување на финансиската криза што однесе голем дел од либанското населени во сиромаштија. Либан има сложен систем на поделба на власта меѓу различните верски заедници. Претседателот е секогаш христијанин, премиерот е сунитски муслиман, а претседателот на Паралментот – муслиман Шиит.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан

Во израелските напади врз Либан загинаа 11 цивили, меѓу кои шест деца

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца

Хезболах истрела најмалку 30 ракети од Либан кон северен Израел