Бербок: Неприфатливо испраќање српски сили на Косово

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок оцени дека испраќањето српски сили на Косово како и последните напади врз припадниците на мисијата ЕУЛЕКС на Косово се „целосно неприфатливи“.

„Косово со одложувањето на локалните избори ги намали тензиите. Неодамнешната реторика од Србија го направи спротивното. Предлогот за испраќање српски сили на Косово е целосно неприфатлив. Како и последните напади врз ЕУЛЕКС. Целата моја поддршка оди на дијалогот што го води ЕУ“, напиша Бербок на Твитер.

Бербок ја изрази својата поддршка за дијалогот предводен од ЕУ, предводен од специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

Според неа, Приштина со одложувањето на локалните избори ги смирила тензиите, додека Белград го прави спротивното со „неодамнешна реторика“.+

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бербок: Не смее да се дозволи Русија да ја попречува работата на ОБСЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Радман се обиде да ја бакне Бербок: Ако некому му пречи, се извинувам

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

(ВИДЕО) Нема одбор за дочек за министерката Бербок

Бербок во Хаг, на разговори и за тоа како Путин би можело да биде повикан на одговорност за војната во Украина

Ана Ололовска

Бербок го повика иранскиот амбасадор во Германија да ги осуди новите погубувања

А1он