Бербок: Германија и Индија мора заедно да работат во борбата против климатските промени

Од:

Германија сака да соработува со Индија за да ја унапреди борбата против климатските промени, изјави денеска шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок на форумот во Њу Делхи за приоритетите на Германија во индо-пацифичкиот регион.

Климатската криза е „најголемата закана за овој век за сите во светот“, рече Бербок, која престојува во дводневна посета на Индија. – Ниту една армија не може да не заштити од оваа климатска криза. Така што, можеме да се бориме само заедно, потенцираше таа.

Во четвртокот, Индија го презеде местото претседавач со Г20, група која ги опфаќа повеќето од најголемите светски економии, потсетува ДПА.

Мотото на претседателството е: „Една земја, едно семејство, една иднина“.

Мотото на Индија рефлектираше „дека можеме да се соочиме со оваа иднина заедно само ако застанеме обединети како семејство, рече Бербок.

Како втора најнаселена земја во светот по Кина, Индија е четврти по големина производител на јаглерод диоксид. Земјата се повеќе се потпира на обновливите извори на енергија за раст – но и на јаглен. Во моментов, поголемиот дел од енергијата на Индија сè уште доаѓа од јаглен. Индија има за цел да стане јаглеродно неутрална до 2070 година.

За време на нејзиното прво официјално патување во Индија, германската министерка за надворешни работи се очекува да ги изнесе еколошките грижи и меѓународниот поредок заснован на правила во разговорите со политичките лидери.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис