Бени Ганц го пофали планот на Трамп, најави придонес за остварување

Од:

Лидерот на израелската партија Сино и бело, Бени Ганц оцени дека планот на администрацијата на САД за мир на Блискиот Исток е „историски“, најавувајќи дека ќе работи на негово остварување доколку победи на изборите на 2 март.

Ганц вчера во Белата куќа оствари средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Состанокот бил невообичаен бидејќи американски претседатели речиси никогаш не се сретнуваат со опозициски лидери на странски земји.

Трамп претходно се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Ганц истакна дека неговиот разговор со Трамп бил важен и го пофалил претседателот на САД како вистински и храбар пријател на Израел.

– Планот на администрацијата на Трамп е значаен и историски. Ќе работам на негова примена во стабилна и функционална израелска влада, заедно со другите држави во нашиот регион, нагласи Ганц.

Би можело да ве интересира

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран