Бенет: Иран вооружен со атомска бомба е егзистенцијален предизвик за Израел

Од:

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска на владина седница на која присуствуваше германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека светот не може да биде неутрален во однос на Иран.

dobivaj vesti na viber

„Иранската нуклеарна програма напредуваше повеќе од било кога. Светот чека, Иранците купуваат време и центрифугите се вртат”, рече Бенет, предупредувајќи дека изгледите Иран да се вооружи со нуклеарно оружје не е само стратешки, туку и егзистенцијален предизвик за Израел.

Меркел доцна синоќа пристигна во проштална посета на Израел и рече дека има среќа да има клучна улога во зајакнувањето на односите меѓу двете земји по ужасите на холокаустот во Втората светска војна, во кои беа убиени шест милиони Евреи.

Канцеларката пристигна во Израел по седми пат на крајот од нејзиниот 16-годишен мандат, обележан со речиси непоколеблива поддршка за Израел.

Би можело да ве интересира

Затворени училишта и владини канцеларии во Иран поради песочна бура

Ана Ололовска

Преговорите за иранската нуклеарна програма продолжуваат, позитивни сигнали дека може да биде постигнат договор

Ана Ололовска

Во Иран уапсени 22 лица кои протестираа поради зголемување на цените на основни прехранбени производи

Ана Ололовска

Париз бара итно ослободување на двајца Французи уапсени во Иран

Ана Ололовска

Башар ал Асад во посета на Иран

Ана Ололовска

ЕУ: Последен обид да се спаси иранскиот нуклеарен договор

Ана Ололовска