Бенедикт Шестнаесетти: Свесен сум за тежината на својата одлука

Од:

Папата Бенедикт Шестнаесетти изјави денеска во првото обраќање во јавноста, откако најави дека се повлекува од функцијата дека е свесен за тежината на својата одлука, но и дека се чувствува дека ја губи духовната и физичката сила.

– Одлуката да се повлечат ја донесов за доброто на црквата, изјави папата во заминување на средба со верниците во салата за прием во Ватикан. Тој изјави дека е уверен оти Римокатоличката црква ќе ја има поддршката од Бога и верниците и покрај сите потешкотии со кои се соочува.

Во едно од последните појавувања во јавноста пред повлекувањето, најавено за 28 февруари, папата наведе дека е уверен оти црквата ќе го поддржи со своите молитви, како и дека Исус Христос ќе продолжи да го води.

Од многубројните верници, кои го поздравија со долги овации, папата побара да се молат за „папата и за црквата“. Тие обраќањето на папата повеќе пати го прекинуваат со аплаузи, а некои од присутните плачеа.

– Ви благодарам на љубовта и молитвите, со кои ме следите. Молете се за мене, за црквата и за идниот папа, рече 85-годишниот Бенедикт Шестнаесетти на редовниот неделен прием на верниците во Ватикан.

Папата во 17 часот ќе ја предводи мисата во базиликата Свети Петар во Ватикан. Тоа ќе биде неговата последна миса, додека е на оваа функција.

Папата во понеделникот на кардиналите во Ватикан им најави дека се повлекува од функцијата, со образложение дека „нема повеќе сила да продолжи“.

Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди изјави дека папата ќе се прости од верниците на 27 февруари, еден ден пред оставката официјално да стапи во сила.

Ломбарди истакна дека папата ќе одржи и завршна аудиенција на 27 февруари на плоштадот Свети Петар во Рим, како и дека се очекува новиот папа да биде избран пред Велигден, 31 март. Црковните поглавари ќе го изберат новиот папа на т.н. кардиналска конклава, бидејќи папата официјално ја напушта функцијата.

Ватикан вчера прв пат официјално објави дека 85-годишниот поглавар на Римокатоличката црква има пејсмејкер, кој му е вграден неодамна и во кој батеријата е заменета пред три месеци.

Папата Бенедикт Шестнаестти ќе биде првиот папа, кој поднел оставка од 1415 година, кога папата Гргур Дванаесетти поднесе оставка со цел да се решат несогласувањата околу управувањето на црквата, која сега има околу една милијарда и две стотини милиони верници ширум светот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска