Белорускиот амбасадор во Словачка поднесе оставка

Од:

Амбасадорот на Белорусија во Словачка, Игор Лешчења, кој ги поддржа протестите против претседателот Александар Лукашенко, денеска ја објави својата оставка.

Американските медиуми пишуваат дека овој потег укажува на се поголемото несогласување со официјалната политика во високите нивоа на власта во земјата.

Амбасадорот Лешчења, во интервју кажа дека станува збор за „логичен потег“, откако преку видео снимка дал поддршка за протестите, кои во земјата се одржуваат од 9 август, по претседателските избори на кои Лукашенко го доби шестиот мандат.

Во објавата од саботата, Лешчења изрази солидарност со сите оние кои излегоа на улиците на Белорусија да го искажат своето мислење и позиција на мирен начин, и истакна дека е шокиран од постапките на полицијата кон демонстрантите.

Лешчења за независниот белоруски портал Тут.би изјави дека, како амбасадор назначен од претседателот, се очекува да ја следи политиката за која се залага Лукашенко.

Амбасадорот рече дека Министерството за надворешни работи на Белорусија смета дека тој, со таквиот свој граѓански став, ја преминал таа граница.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, допрва треба да ја потпише оставката на амбасадорот.

Лешчења (52) е првиот висок владин претставник што ги поддржува протестите против Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски