Белоруската полиција со водени топови и шок бомби ги растера демонстрантите во Минск

Од:

Белоруската полиција денеска употреби водени топови и шок бомби за да ги растера илјадниците демонстранти кои излегоа на улиците на Минск барајќи оставка од претседателот Александар Лукашенко.

Белоруското здружение на новинари соопшти дека помеѓу приведените има најмалку 10 новинари.

Претходно, руската новинска агенција ТАС С јави дека се приведени четворица нејзини дописници, кои имале добиено акредитации од белоруското Министерство за надворешни работи, тројца дописници на новинската агенција БелаПАН и еден фоторепортер на белорускиот весник „Нови час“.

По спорните претседателски избори одржани на 9 август, граѓаните протестираат тврдејќи дека изборните резултати се фалсификувани и бараат оставка од претседателот Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Украинците тврдат дека спречиле упад на руски диверзанти од Белорусија

Катерина Ѓуровски