Белорусија од Русија ќе добие ракетен систем Искендер-М

Од:

Русија во следните месеци ќе и достави на Белорусија ракетен систем Искендер-М, најави денеска рускиот претседател Владимир Путин пред средбата со белорускиот колега Александар Лукашенко во Санкт Петербург.

– Во следните месеци во Белорусија ќе го пренесеме тактичкиот систем Искандер-М, што може да користи балистички или крстосувачки ракети во конвенционалните и нуклеарните верзии, истакна Путин.

Украинската армија соопшти дека северниот пограничен регион на Украина, Чернигов денеска беше под „масовно бомбардирање“ од територијата на Белорусија. Во соопштението се наведува дека 20 ракети биле истрелани од територијата на Белорусија врз Десна.

Десна, мало село со население од околу 7.500 луѓе, се наоѓа на 70 километри северно од Киев и слично растојание јужно од границата на Украина со Белорусија.

Украинската разузнавачка служба денешниот напад го оцени како обид на Русија да ја вовлече Белорусија во војната во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски