Белорусија најави дека ќе им врати на балтичките држави за воведените санкции

Од:

Белоруското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека на еквивалентен начин ќе одговори на санкциите воведени од трите балтички држави врз белоруските власти, нарекувајќи ги избрзан чекор, јавија руските медиуми.

Претходно денеска литванскиот претседател Гитанас Науседа соопшти дека Литванија, Летонија и Естонија ќе воведат санкции за околу 30 белоруски функционери, вклучувајќи го и претседателот Александар Лукашенко, пренесоа британските медиуми.

Според официјален Вилнус, ова е првата листа, која во меѓувреме ќе биде проширена, за да се санкционира белоруското политичко раководство за нерегуларностите и манипулациите за време на изборниот процес.

Во меѓувреме, белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја, која пребега во Литванија по изборите, планира да лобира за поддршка од Советот за безбедност на Обединетите нации и Советот на Европа за мирна транзиција на власта во земјата, соопшти денеска нејзиниот тим во Минск.

Нејзините претставници за германската агенција наведуваат дека Тихановскаја на 4 септември ќе зборува на состанок на комитет на Обединетите нации, а потоа на 8н септември и пред парламентарното собрание на Советот на Европа.

Тихановскаја заврши втора на претседателските избори на 9 август, според спорниот официјален извештај. Еден ден по изборите таа избега во соседна Литванија, во време на насилно полициско однесување врз претежно мирните протести, додаде ДПА.

Тихановскаја (37) веќе има добиено поддршка од некои европски лидери во нејзината кампања за отстранување од функцијата на долгодишниот претседател Александар Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Украинците тврдат дека спречиле упад на руски диверзанти од Белорусија

Катерина Ѓуровски