Белорусија на границата со Литванија и Полска испрати баталјон со балистички ракети

Од:

По наредба на белорускиот претседател Александар Лукашенко на границата со Литванија и Полска е испратено воено засилување.

Белорускиот министер за одбрана, Виктор Хренин, во Гродњнската област, што се граничи со Литванија и Полска, нареди да се испрати баталјон со тактички балистички ракети и повеќецевни фрлачи на проектили, како и единици со беспилотни летала и системи за воздушна одбрана, пренесе Тасс.

Претходно, Лукашенко му нареди на Министерството за одбрана внимателно да го следи движењето на трупите на НАТО во Полска и Литванија, како и да ги стави трупите на западната граница на земјата во целосна подготвеност, потенцирајќи дека ситуацијата во овој дел од земјата ескалира.

Претседателските избори се одржаа во Белорусија на 9 август, на кои, според официјалните податоци, победи Лукашенко. По објавувањето на резултатите од изборите во Минск и другите градови низ земјата избувнаа масовни протести, во кои имаше конфликт меѓу демонстрантите и полицијата. Според Министерството за внатрешни работи, повеќе од 6.000 демонстранти се уапсени за време на протестите.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили