Белгискиот европратеник Тарабела во притвор за корупцискиот скандал

Од:

Белгискиот европратеник Марк Тарабела денеска беше обвинет за „корупција“, а потоа му беше одреден притвор како дел од истрагата за наводите за мешање на Катар и Мароко во одлуките на Европскиот парламент, соопшти белгиското сојузно Обвинителство.

На социјалистичкиот пратеник (59) му е одредена мерка притвор откако беше обвинет за „корупција“, „перење пари“ и „учество во криминална организација“, соопшти Обвинителството.

Уште три лица, меѓу кои и грчката европратеничка Ева Каили, веќе се во притвор во врска со скандалот што избувна на 9 декември и предизвика бран апсења во Брисел.

На тој ден, белгиските инспектори пронајдоа околу 1,5 милиони евра во кеш во кеси или торби во домот на Ева Каили и Пјер-Антонио Панцери во Брисел.

Панцери, поранешен италијански европратеник и клучен осомничен во случајот, во јануари призна дека тој ја организирал измамата. Тој постигна договор за признавање вина со кој се предвидува ограничена затворска казна од една година во замена за конкретни информации за измамата и за инволвираните луѓе.

Според белгиските медиуми, Панцери го именувал Тарабеле на истражителите во декември, веднаш по неговото апсење. Тој тврдеше дека на Тарабели му дал помеѓу 120.000 и 140.000 евра во повеќе наврати за да помогне во случаите поврзани со Катар.

Тарабела негираше дека учествувал во каква било злоупотреба и побара да биде слушнат за да објасни.

Белгискиот суд мораше да почека до крајот на постапката за укинување на имунитетот на Тарабела во Парламентот на 2 февруари пред да може да преземе какви било мерки.

Во истата истрага, на друг социјалистички европратеник од Италија, Андреа Коцолино, исто така му беше одземен имунитетот на 2 февруари, а во петокот беше уапсен во Италија врз основа на меѓународна потерница, соопшти портпаролот на Обвинителството. Белгискиот суд сега чека негова екстрадиција.

Би можело да ве интересира

Трајанов предлага формирање на Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал и висока корупција

Голема акција во Сараево, уапсени политичари, ги издаде апликацијата Скај

Гир: Државните институции треба да бидат пример во борба против корупцијата

Стјуарт Пич: Владата треба да покаже дека се справува со корупцијата

Горан Наумовски

Гир: Потребна е промена на системот за борба со корупцијата

Катерина Павлова-Николовска

Таравари: За влез во Влада сакаме директори на Царина, УЈП… или ништо од коалиција

Анита Петровска Рајковиќ