Белгиски суд го одби барањето на Пуџдемон и Комин

Од:

Суд во Белгија одби да одговори на барањето на поранешните каталонски лидери Карлес Пуџдемон и Тони Комин кои бараа да се поништи европското барање за нивно екстрадирање во Шпанија.

Постапката е прекината додека Европскиот парламент не донесе одлука на двајцата, како членови на ЕП, да им го укине имунитетот.

Поранешниот каталонски лидер и неговиот министер за здравство од судот бараа да го отфрли евро налогот за нивно екстрадирање, но одговорот на белгискиот суд беше негативен, пренесе „Ел паис“.

Весникот наведува дека тоа значи дека евро налогот ќе биде замрзнат.

Укинувањето на имунитетот на двајцата каталонски лидери, се додава, е во рацете на Европскиот парламент кој таа одлука мора прво да ја одобри на седница на Одборот за правни работи, а потоа да се усвои во ЕП со мнозинство на гласови.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски