Белгиски карневал отстранет од листата на Унеско за нематеријално културно наследство

Од:

УНЕСКО го отстрани од листата на нематеријално културно наследство белгискиот традиционален фестивал Алст поради расизам и антисемитизам. Тоа е првпат УНЕСКО да отстрани нешто од својата листа.

На овогодинешниот фестивал се појавија кукли во натприродна големина, кое седат на вреќи пари, со криви носеви и традиционални зулуфи, што е стереотипен приказ на ортодоксните Евреи.

Во 2010 година УНЕСКО го стави уличниот карневал во белгискиот град Алст на листата на нематеријалнокултурно наследство. Но, Комисијата на УНЕСКО во колумбискиот град Богота одлучи да го укине статусот бидејќи „во изминатите години секогаш во карневалската поворка учествувале возила со расистички и антисемитистички мотиви“.

Според Комисијата, тоа, „не е во согласност ниту со основните принципи за одржување на нематеријално културно богатство, ни пак со вредностите содржани во Повелбата“. Организацијата на ОН за култура останува на своите принципи за достоинство, рамноправност и меѓусебно почитување и ги осудува сите форми на расизам, антисемитизам и ксенофобија, се вели натаму.

Светскиот еврејски конгрес ја поздрави одлуката на УНЕСКО.

– За ваков вид на симболизам, исполнет со омраза, нема место во 21 век, изјави претседателот на Конгресот Роналд С. Лаудер.

Белгискиот град Алст, по критиките во јавноста, самиот побара неговиот карневал да биде избришан од листата на Светско културно наследство на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Од грчките острови во Белгија пристигнаа 18 деца бегалци без придружба

А1он

Белгиска компанија произведе стопроцентно вештачки дијамант

А1он

Од компликации поврзани со коронавирусот, почина тригодишно дете во Белгија

Горјан Грнчаровски

Белгија воведува построги мерки против Ковид-19

Ана Ололовска

Белгија го одбележува Денот на независноста

Ана Ололовска

Во Белгија повторно расте бројот на заболени од Ковид-19

Ана Ололовска