Белгиски државјанин осуден на 28 години затвор во Иран

Од:

Иран денеска осуди 41 годишен белгиски државјанин на 28 години затвор.

Белгиецот Оливие Вандекастеле е хуманитарен работник кој веќе со месеци е во притвор во Техеран. Денеска иранскиот суд го осуди на 28 години затвор, според неговото семејство.

Семејството вели дека било информирано за веста од страна на белгискиот премиер, Александер Де Кро и министерот за правда, Винсент Ванквикенборн. Кабинетот на министерот за правда на Белгија вети дека утре ќе даде одговори пред парламентарците во комисијата за правда.

Белгиската влада соопшти дека „прави сѐ“ да најде начин да го врати 41 годишниот Белгиец дома, но семејството бара одлучни мерки, посебно откако белгискиот уставен суд укина Повелба потпишана со Техеран која ќе овозможеше трансфер на Вандекастеле. Судот оцени дека текстот треба да биде суспендиран додека не се направи детаљна анализа за неговата уставност.

Според семејството на Белгиецот нема информации за содржината на обвинителниот акт на Техеран против Вандекастеле. Тие алармираат дека тој има тешки здравствени проблеми, нема право да избере адвокат, и веќе еден месец штрајкува со глад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина, Русија и Иран почнаа со поморски вежби, Москва испрати бродови на Северната флота

Ана Ололовска

11 загинати, 3.500 повредени на фестивалот на огнот во Иран

Горан Наумовски

Дисидент исчезна пред две години во Турција, денеска во Иран беше потврдена неговата смртна казна

Ана Ололовска

Белгија го забрани TikTok на официјалните владини мобилни телефони

Ана Ололовска

Од ноември до март во иранските училишта се отруени повеќе од 5.000 ученици

Пријавени се нови случаи на труење на ученички од Иран кои протестираа против режимот