Белгиската полиција заплени 28 тони кокаин преку дешифрирање на тајни пораки меѓу дилерите

Од:

Белгиската царинска служба открила тони кокаин во вредност од речиси 1,4 милијарди долари во Антверпен, откако полицијата ги дешифрирала кодираните пораки испратени од криминалните банди, соопштија властите.

Федералната полиција спроведе двегодишна истрага за организираниот криминал, во која беа вклучени 500 милиони пораки испратени на уредите Sky ECC, продадени од компанијата Sky Global со седиште во Канада, се наведува во соопштението од обвинителството во Антверпен.

Од 20 февруари, на пристаништето во Антверпен се запленети вкупно 27,64 тони кокаин, вклучително и 11 тони пронајдени во контејнер во петокот вечерта.

Кокаинот „може да биде директно поврзан со случајот Sky ECC“, соопштија обвинителите.

Извршниот директор и соработник на Sky Global беа обвинети во САД во март за наводно помагање и промовирање на шверц со дрога.

При истрагата се уапсени 48 лица во Белгија и пронајдено е оружје, полициски униформи и 1,2 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж