Белгиска европратеничка од африканско потекло била жртва на полициска бруталност

Од:

Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, испрати писмо до белгиската премиерка, Софи Вилмес, откако вчера европратеничка со африканско потекло обзнани дека била жртва на расно мотивирана полициска бруталност во Брисел.

Германската пратеничка Пјерет Херцбергер Фофана, по потекло од Мали, на пленарната седница во Европскиот Парламент посветена на убиството на Џорџ Флојд и расизмот во Европа, обзнани дека била жртва на бруталност од страна на белгиската полиција. Инцидентот, како што јавува МИА, се случил кота европратеничката се обидела со својот мобилен телефон да сними полициска интервенција во железничка станица во Брисел.

Херцбергер Фофана доби поддршка од нејзината политичка група, Зелените, чиј претседател, Филип Ламберт, порача дека е уверен дека бруталниот однос на полицијата е поврзан за бојата на кожата на пратеничката. Огромен број пратеници од мнозинството политички партии изразија солидарност и поддршка за Харцбергер Фофана, а претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, испрати писмо директно до белгиската премиерка, Софи Вилмес, во кое побара итни мерки од страна на нејзината влада.

Во писмото, тој ја потсетува премиерката дека секаков вид на претерано насилство од страна на полицијата е неприфатливо во ЕУ како и дека пратеничката ужива парламентарен имунитет, за што полицијата требала да биде свесна.

Според Херцбергер, полицајците одбиле да и поверуваат дека е член на Европскиот Парламент поради бојата на нејзината кожа.

Сасоли пишува дека очекува одговор од премиерката. Бриселската полиција од своја страна негира дека имало бруталност. Обвинителството отвори истрага.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски