Белгија: Зголемена стапката на вработеност од почетокот на пандемијата

Од:

Во споредба со февруари, последниот месец пред почетокот на пандемијата од Ковид-19, стапката на вработени лица во Белгија се зголемила за 4,2 отсто, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Ова се податоците од анализата на фирмата за човечки ресурси Асерта објавени денеска.

На почетокот на кризата Белгија воведе привремен систем за лицата што останаа без работа поради вирусот, според Асерта системот се покажал ефикасен. Во јули е констатирано намалувања на барањата за социјална помош за невработените.

Анализата покажала и дека значаен број независни работници и фриленсери влегле на пазарот на трудот во текот на јули, според фирмата ова се должи на „позитивниот ефект на владините мерки“.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски