Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Од:

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест за Ковид-19, со што ќе бидат заменети најчесто користените брисеви. Тоа ќе биде еден од најголемите европски експериметни на новиот метод на тестирање.

Белгиските истражувачи и власти изјавија дека пилот програмата може да се примени и на другите универзитети, училиштата или компаниите ако се покаже успешна во брзото откривање на жариштата на инфекцијата помеѓу студентите.

Предвидено е околу 30.000 студенти и професори од Универзитетот во Лијеж да ги користат домашните тестови за самотестирање и да носат епрувети со примерок од плунката секоја недела во универзитетската лабораторија до декември. Предвидено е резултатите да ги добијат истиот ден.

Според претходно објавена студија на Белгиската агенција за лекови, тестовите на плунката во голема мера би можеле да го зголемат капацитетот на тестирање, а резултатите се добиваат побрзо отколку кај класичните тестови, но се помалку прецизни, бидејќи е поверојатно да биде откриен вирусот во носот или задниот дел на грлото, отколку во плунката.

Со назалните тестови вирусот на Ковид-19 се открива во 80 отсто од случаите, додека процентот при тесовите со плунка изнесува 60.

Би можело да ве интересира

Црна Гора е најголемото жариште на Ковид-19 на Балканот

А1он

Ќе се апсат оние кои поттикнуваат „Движењето против употреба на маска“ во Грција

Ана Ололовска

Претседателот на Европскиот совет во карантин

Ана Ололовска

204 нови случаи на коронавирус во Хрватска

Ана Ололовска

Јапонската компанија Фуџифилм има лек со кој се крати лекувањето од Ковид-19

Ана Ололовска

Од почетокот на туристичката сезона, во Грција регистрирани 1.238 случаи на Ковид-19 кај посетители

Ана Ололовска