Белгија влегува во првата фаза на олабавување на рестриктивните мерки

Од:

Од денеска започнува првата фаза на олеснување на рестриктивните мерки на целата територија на Белгија, следните фази ќе се активираат само под услов да се исполнети зацртаните критериуми, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Оваа прва фаза ќе им овозможи на неколку компании да се вратат на работа, станува збор пред сѐ за Б2Б фирми, односно компании кои не работат со странки. За другите работата од дома останува правило.

Училиштата остануваат затворени најрано до 18 мај, но ќе се отворат центри за чување на деца за оние родители кои мораат да одат на работа.

Со оваа фаза се зголемува и понудата на јавен превоз, дупло поголем број возови ќе бидат пуштени во промет, но корисниците мораат да носат маска во секој вид јавен транспорт. Властите не очекуваат значајно зголемување на патници во оваа прва фаза на олабавувањето на мерките.

Доколку бројките на заболени продолжат да се намалуваат, Белгија ќе ја активира втората фаза на 11 мај. Освен тоа, за да може да се влезе во втората фаза, ќе мора социјалната дистанца и маските да станат правило за сите граѓани, што значи и да има доволно маски на располагање за целото население. Потоа потребно е да има доволен број тестови и правилата за следење на контактите да бидат јасно утврдени и да има доволен капацитет за успешно следење. Белгија за сега не планира да користи мобилна апликација, следењето ќе го прават специјално обучени тимови. За натамошно олеснување на мерките, компаниите мора да презентираат прецизни протоколи за враќање на работниците на нивните работни места на безбеден начин.

Ако еден услов не е исполнет, втората фаза не смее да се активира. Втората фаза предвидува отворање на сите продавници.

Третата фаза е предвидена на 18 мај кога треба училиштата повторно да ги отворат своите врати, исто како и музеите, да се дозволи патување низ земјата и домашни посети.

Денешните бројки на епидемијата остануваат охрабрувачки, јавија властите: 59 лица се хоспитализирани во последните 24 часа, 80 се починати. Земјата брои над 50 илјади потврдени случаи на заразени со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски