Белгија регистрира рекорден пад на барањата за азил

Од:

Белгија регистрира рекорден тригодишен пад на барањата за азил, пишува денеска весникот „Соар“.

Во мај годинава биле поднесени 1.202 барања, при што тоа е најнискиот број од април 2010 година. Во споредба со мај 2012 година, намалувањето е за една третина.

Во последниот месец биле примени 420 повторни барања, како и 59 молби на деца без придружба, пренесе БТА.

Драстично намаление во бројот на барања (до 7.031) се регистрира и во првите четири месеци од годинава, а тоа е за една четвртина помалку во споредба со истиот период во 2012 година.

Најмногу барања пристигнуваат од граѓани на Авганистан (690), Гвинеја (632) и ДР Конго (530). Намалувањето на бројот на молби води до побрзо разгледување на документите, додава весникот.

Според податоци на ЕК, минатата година барањата за бегалски статус во Западна Европа од граѓани на Западен Балкан биле околу 4.000 во Германија, околу 3.000 во Швајцарија, над 1.000 во Белгија и околу 300 во Шведска.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски