Белгија: Прв осмомартовски штрајк на жените

Од:

Жените во Белгија, првпат во историјата, одлучија да го одбележат осми март со штрајк од работа, јави дописникот на МИА од Брисел.

Иницијативата, организирана од синдикати и здруженија, имаше за цел да ја покаже улогата и важноста на женскиот труд во економијата и општеството. Организаторите ги повикаа жените да не одат на работа, но и да не купуваат ништо, и да не одат на училиште или на факултет.

Штрајкот е инспириран од оној во Шпанија минатата година, каде имаше огромен одѕив.

– Се одлучивме за штрајк затоа што е силен сигнал кога се прекинува со работа, овозможува да се види каде сѐ жените се потребни, вели Рут Палуку-Атока од Колективот Осми март, организатор на штрајкот.

Иако сѐ уште не се достапни информациите за импактот на овој штрајк врз економијата, властите вчера предупредија дека се предвидени проблеми во повеќе општински служби, музеи или болници.

Белгиските жени попладнево ќе организираат и протестен марш во Брисел.

– И во Белгија, и на меѓународно ниво, констатираме дека сериозно се сфаќа осми март, има уште многу работа, посебно во борбата против секаков вид насилство, против обичниот сексизам и добронамерните патернализам, и мнозинството од населението не е доволно сензибилизирано за дискриминациите со кои се соочуваат жените, многумина не сфаќаат колку е страшно кога фемицид се нарекува „семејна драма“, убивањето жена е фемицид, не е драма, објаснува Тања Ван Хемелрајк од Католичкиот Универзитет во Лувен.

Белгијките ќе протестираат и за феноменот на „невидливиот ментален товар“, велат тие, односно фактот дека, покрај работата, на нивни плеќи паѓаат секојдневните обврски и нивната организација, како грижата за децата, за готвењето, пазарењето, кои создаваат психолошки товар кај жените.

– Штрајкот овозможува симболично да се подигне свеста за сѐ она што го прават жените, а подигањето на свеста недостига некогаш и кај самите жени, вели професорката.

Во текот на целиот ден во Брисел се организираа разни активности за сензибилизација на јавноста за голем број теми како климатските промени, расизмот, работните односи, додека, пак, повеќе протестни активности се организираа на универзитетите и во приватните компании.

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Марш за женски права „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“ осми пат во Скопје

Предраг Петровиќ

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики