Белгија прогласи епидемија на грип, најмногу погодени децата и младите

Од:

Белгискиот институт за јавно здравје (Sciensano) денеска прогласи епидемија на грип во таа држава – погодени се сите возрасни групи, но најмногу децата и младите.

Високиот совет за здравство препорача вакцинација против грип, главно за ризични лица, возрасни над 65 години, бремени жени, лица со хронични заболувања или оние кои престојуваат во институции и медицински персонал.

Според статистиката на Институтот, стапката на заболени од грип веќе ги надминала максимумите постигнати во претходните три зими.

Сегашната епидемија на грип е придружена со циркулација на многу други респираторни заболувања, предизвикани од вирусот Ковид-19 или бронхитис.

И бројот на случаи со Ковид – 19 исто така расте, а загриженоста се зголемува поради епидемијата во Кина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белгија го забрани TikTok на официјалните владини мобилни телефони

Ана Ололовска

Во Белгија конфискувани околу четири тони кокаин

Спречен терористички напад на изборот за Мис на Белгија

Босанец во Белгија ја убил поранешната сопруга и двете мали деца, потоа се самоубил

Горан Наумовски

Панцери се согласи на соработка со Обвинителството на Белгија

Ана Ололовска

Белгиските разузнавачи се загрижени поради радикализацијата на малолетниците