Белгија: Нуклеарните реактори ќе продолжат со работа уште 10 години

Од:

И покрај препораките на научниците и активистите за животна средина, белгиската федерална влада постигна компромис за продолжување на работата на нуклеарните реактори во земјата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Веста ја соопшти премиерот на државата, Александер Де Кро, преку Твитер.

-Белгиската влада презема одговорност за да може нашата земја да има контрола врз своето енергетско снабдување, изјави Де Кро.

Договорот е склучен помеѓу владата и Енжи, главниот снабдувач на енергија.

Ова значи дека централите Доел 4 и Тианж 3 ќе бидат продолжени за десет години иако владата, во чија коалиција се Зелените, најавуваше постепено повлекување од нуклеарната енергија поради штетата што таа ја носи за животната средина и опасноста по здравјето, особено по трагичната несреќа во Фукушима, Јапонија, во 2011.

Главна причина за оваа политичка промена е геополитичката ситуација, војната во Украина и амбицијата на ЕУ да се осамостои од руските енергенси. Целта е да финализира договорот за нуклеарните реактори до крајот на оваа години за Белгија да има доволни залихи на струја.

Премиерот и министерката за енергија треба да одржат прес конференција во 9 часот и 30 минути по белгиско време.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски