Белгија нема веќе да им продава оружје на саудиските воено-воздухопловни сили

Од:

По години критики и повици да му се стави крај на извозот на оружје во Саудиска Арабија, властите на регионот Валонија, каде се наоѓа најголемата фабрика за оружје, конечно донесоа одлука, јавуваат медиумите.

Продажбата на оружје во 2018 година на Валонија и донела профит од 950 милиони евра, од кои 225 милиони само од извозот во Саудиска Арабија. Токму 2018 година била најплодна година за секторот со зголемување од 37 отсто, јави дописничката на МИа од Брисел.

Граѓанските организации во Белгија со години алармираат дека продажбата на оружје на Саудијците е нелегална и дека тоа оружје се користи во најкрвавите војни, како во Јемен.

Валонија извезува најмногу оружје во земјите на ЕУ, но Саудиска Арабија е нејзиниот најголем клиент.

-По разни консултации и ригорозна анализа на геостратешките, етичките и економските димензии на повеќе барања за лиценци, претседателот на владата донесе две одлуки во однос на лиценците за Саудиска Арабија. Што се однесува до лиценците за воено-воздухопловните сили на саудиското Министерство за одбрана одлучено е да не се додели лиценца, порачаа од кабинетот на претседателот на владата на Валонија, Елио Ди Рупо.

Властите се повикуваат на “драмата во Јемен“ како главна причина за стопирањето на извозот кон оваа земја.

Лиценцата за извоз на оружје за други саудиски институции, сепак, е обновена.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски