Белгија ги повика земјите од „Белата листа“ да ги почитуваат условите ако сакаат нејзините граници да бидат отворени

Од:

Белгија не ги прифаќа земјите за кои ЕУ смета дека треба да бидат отворени границите во Шенген зоната. Минатата недела, Советот на ЕУ издаде листа на 14 земји за кои се смета дека е безбедно да им биде дозволено да влезат на територијата на Шенген зоната со оглед на епидемиолошката состојба. Препораката на Советот не е задолжителна за земјите членки на ЕУ кои можат да одлучат да не ја применат.

Таков е случајот со Белгија, која денеска најави дека го разгледува списокот поднесен од страна на ЕУ. Експертската група за управување со ризици даде препорака на белгиската Влада да постапи внимателно со оглед на тоа дека повторно се воведуваат рестриктивни мерки во повеќе европски региони и дека вирусот и натаму се шири.

Иако Белгија нема да воведе рестрикции кон други земји на ЕУ, списокот изготвен од страна на Советот на ЕУ за трети земји претставува проблем, брифираат од експертската група.

Белгија нема да ги отвори границите за 14 земји ставени на европскиот список затоа што „ризикот е сѐ уште голем“ или затоа што тие земји не воведуваат мерки на реципроцитет, односно не ги отвораат границите за белгиските граѓани. Земјите за кои ЕУ даде зелено светло се Србија, Црна Гора, Уругвај, Грузија, Алжир, Австралија, Канада, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореа, Тајланд и Тунис.

Белгиската Влада вети дека состојбата ќе се следи на дневна основа во овие земји и дека одлуката може да се промени и забраните ќе бидат отстранети само доколку се исполнети условите.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он