Белата куќа: Трамп не носи маска затоа што прави по неколку тестови за Ковид-19 на ден

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп прави тестови за Ковид-19 неколкупати дневно и е веројатно „најтестираниот човек во Америка“, рече денеска на редовниот прес-брифинг во Белата куќа портпаролката Кејли Мекенани, во одговор на прашање од новинар зошто претседателот не е доследен во носењето маска заштитна маска кога се појавува во јавноста.

Трамп вчера на Твитер сподели фотографија со маска со порака дека „многу луѓе мислат дека носењето маска е патриотски чин“, но на собир во неговиот хотел во Вашингтон подоцна вечерта се појави без маска.

Мекенани го одбрани Трамп со одговор дека неговото носење маска зависи од тоа колку често тој се тестира.

-Тој го прави тоа неколкупати дневно, изјави портпаролката и додаде дека претседателот е доследен во врска со носењето маски уште од почeтокот на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата