Белата куќа претстави план за вакцинирање на деца од пет до 11 години, додека го чека одобрувањето од ФДА

Од:

Белата куќа денеска ги откри своите планови за воведување вакцини за децата на возраст од пет до 11 години, во очекување да добие одобрување од американската Агенција за храна и лекови (ФДА), пишува Си -Ен -Ен.

Администрацијата на Бајден обезбеди доволно количество вакцина за 28 милиони деца на возраст од пет до 11 години и ќе помогне во опремување на повеќе од 25.000 педијатриски и примарни здравствени установи, стотици здравствени установи во локалните заедници и десетици илјади аптеки за инјектирање на вакцините, наведува Белата куќа.

„Администрацијата на Бајден денеска го објавува планот за да се осигури, доколку вакцината се одобри за деца на возраст од пет до 11 години, дека таа брзо ќе се дистрибуира и ќе биде удобна и подеднакво достапна за семејствата низ целата земја“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Администрацијата, исто така, почнува да работи со Здружението на детски болници „во ноември и до крајот на календарската година да се постават местата за вакцинација низ целата земја “, додава Белата куќа.

Одделот за здравство и човечки услуги, исто така, ќе спроведе национална кампања за јавно образование „за на родителите и негувателите да им обезбеди точни и културно чувствителни информации за вакцината и ризиците што Ковид-19 ги носи за децата“.

Советниците за вакцини во Агенцијата за храна и лекови следната недела треба да ја разгледаат апликацијата на вакцината „Фајзер“ за одобрување за инјектирање врз деца на возраст од пет до 11 години.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат