Белата куќа потврди дека нема да соработува во подготовка на обвинение против претседателот

Од:

Белата куќа потврди дека нема да учествува во работата на Претставничкиот дом во подготовка на обвинение против Доналд Трамп, нарекувајќи ја постапката како – „лакрдија“.

„како што знаете, вашата истрага за подготовка на обвинение е целосно правно неизджлива, напиша адвокатот на Белата куќа Пет Чиполоне во писмо до демократскиот пратеник Џери Надлер, претседател на Одборот за правда во Претставничкиот дом.

Белата куќа, која досега одбиваше да соработува со демократската истрага, до синоќа требаше да донесе одлука дали ќе учествува преку адвокат во подготовката на обвинението од страна на Одборот за правда.

Демократите во четвртокот објавија дека Претставничкиот дом, во кој тие имаат мнозинство, ќе почнат со подготовка на обвинение против американскиот претседател. Меѓу точките во обвинението би можело да биде и опструирање на Конгресот.

Потоа, ќе се одржи гласање за обвинението (импичмент), прво во Одборот за правда, можеби уште следната недела, а потоа и на пленарна седница, најверојатно до Божиќ. Но, американскиот претседател подоцна може да биде „ослободен“ во Сенатот во кој републиканците се мнозинство.

Републиканските пратеници, пак, му го предадоа на Надлер список со имињата на сведоци за кои бараат сослушување.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски