Белата куќа подготвува договор за експлотирање на ресурси на Месечината

Од:

Американската администрација подготвува меѓународен договор што правно ќе го уреди експлоатирањето на природните ресурси на Месечината, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на лица запознати со проектот.

Таканречениот договор „Артемида” има за цел да се привлечат сојузници за планот на американската вселенска агенција НАСА за испраќање луѓе и изградба на станици на природниот сателит на Земјата во следната деценија.

Проектот се уште не е претставен пред други држави.

НАСА, која е цивилна агенција, има зголемена улога во американската надворешна политика на САД, забележуваат британските медиуми.

Договорите се нарекуваат „Артемида” по името на новата програма на НАСА за Месечината.

Тие предвидуваат „сигурни зони” околу идните бази на Месечината за да не доаѓа до инциденти и конфликти со другите држави или компании, што ќе оперираат во близина.

Договорите, освен тоа, имаат за цел да ја обезбедат меѓународната правна рамка за експлоатирање на природните ресурси на природниот сателит на Земјата од страна на компании.

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп планира официјално го постави ова прашање пред своите партнери Канада, Јапонија, европските земји и Обединените Арапски Емирати.

Русија, која е водечкиот партнер на НАСА за Меѓународната вселенска станица, првично нема да биде поканета да се приклучи кон Договорот „Артемида”, изјавија извори за британските медиуми.

Тие забележуваат дека Пентагон се повеќе Москва ја смета за непријатлски настроена, заради „заканувачките маневри” на нејзините сателити кон американските разузнавачки сателити во орбитата околу Земјата.

САД се земја од Договорот за отворена Вселена, што утврдува дека државите немаат право да покажуваат територијални претензии кон небеските тела и Месечината.

Британските медиуми навдуваат дека администрацијата на Трамп смета дека „сигурните зони” нема да претставуваат територијална претензија, туку „технички ќе ги координираат” сите операции на одделните „вселснски актери”.

Експертите по вселенско право, меѓутоа, предупредуваат дека без меѓународен договор секакви еднострани дејствија во отворениот простор ќе бидат незаконски.

Високо позициониран американски претставник за британските медиуми изјави дека Договорот „Артемида” е дел од стратегијата на претседателот Трамп за заобиколување на ОН и директно договарање со „истомислечки земји“.

-Тој има за цел да го избегне предолгиот преговарачки процес под патронатот на светската организација, а и работата со држави што не се вселенски сили би било непродуктивно, објасни тој.

НАСА инвестира десетици милијарди долари во програмата „Артемида”, која предвидува до 2024 година на Месечината да се испратат луѓе, а потоа да се воспостави постојано присуство на човекот на Јужниот плус на природниот сателит на Земјата.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало