Белата куќа: Од 100 до 240 илјади лица во САД ќе настрадаат од коронавирусот

Од:

Белата куќа проценува дека во САД од новиот коронавирус ќе настрадаат помеѓу 100.000 и 240.000 лица, доколку се следат сегашните упатства за социјално дистанцирање.

Прогнозите беа презентирани вчера на брифинг во Белата куќа.

„Ако не се воведат мерки за социјална оддалеченост во земјата, меѓу 1,5 и 2,2 милиони луѓе би умреле“, изјави координаторката на работната група во Белата куќа за борба со Ковид-19, Дебора Баркс.

Американскиот претседател, Трамп ги повика Американците да се подготват за две тешки недели и истакна дека земјата наскоро ќе го види „светлото на крајот од тунелот“.

„Сакам секој Американец да биде подготвен за тешките денови што претстојат“, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

ВИДЕО: Лидерот на култ кој уби и распарчи две деца се соочува со смртна казна

Катерина Ѓуровски