Белата куќа нема да инсистира на дводржавно израелско-палестинско решение

Од:

САД веќе нема да настојуваат да „диктираат“ услови за евентуално мировно решение во судирит меѓу Израел и палестинна, но ќе го поддржат она што двете страни ќе го договорат, изјави висок функционер од Балата куќа, кој побарал да остане неименуван.

Белата куќа се откажа од досегашната политика за решавањето на израелско-палестинските судири. Анонимниот функционер вели дека Белата куќа веќе нема да инсистира на решението со две држави, пред средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тоа дводржавно решение со децении и служи на меѓународната заедница како база во обидите за наоѓање на мировен договор за Блискиот исток. Ставот на САД со децении беше дека Израелците и Палестинците мораат да соработуваат по пат на директни преговори за да се воспостават две соседни земји, така што, на крајот, Палестинците ќе основаат сопствена независна држава.

Но, пред првата службена средба во Овалната соба меѓу Трамп и Нетанјаху, претставник на Белата куќа укажа на откажување од тој принцип, јави Хина

Би можело да ве интересира

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак