Белата куќа ја објасни изјавата на Бајден: Засега не планира да се среќава во Путин

Од:

Белата куќа ја појасни изјавата што Џо Бајден ја даде претходно, истакнувајќи дека американскиот претседател во моментов не планира да разговара со Владимир Путин за украинското прашање.

„Тој нема намера да разговара со Путин во овој момент“, изјави во петокот Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа. „И како што (Бајден) исто така рече, Путин не покажа апсолутно никаков интерес за каков било вид дијалог – токму спротивното, всушност“, им рече тој на новинарите.

Џо Бајден во четвртокот рече дека е „подготвен да разговара со Путин доколку се обидува да најде начин да стави крај на војната“, истакнувајќи дека рускиот претседател „сè уште не го сторил тоа“.

„Да беше така, во договор со Французите и пријателите во НАТО, би бил среќен да седнам со Путин и да видам што има на ум. Тој сè уште не го сторил тоа“, додаде тој на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.

Овие изјави сугерираат дека Вашингтон е отворен за дијалог со Кремљ за војната во Украина, но Москва очигледно го отфрли предлогот во петокот, сфаќајќи дека тоа вклучува заминување на руските сили од Украина, за што Русија не размислува, објаснува Франс прес.

Кирби, исто така, негираше дека САД го повикуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги продолжи преговорите со Москва.

„Претседателот воопшто не рече дека е време за преговори“, рече тој. „Војната можеше да заврши денес без преговори, доколку Путин го направеше она што требаше да го направи и ја напушти Украина. Неговите сили немаат што да прават таму.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ