Белата куќа: Хамас е одговорен за насилството во Појасот Газа

Од:

Палестинската група Хамас е одговорна за денешното насилство во Појасот Газа по повод отворањето на Амбасадата на САД во Ерусалим, што резултираше со смрт на десетици луѓе, соопшти Балата куќа.

– Одговорноста за трагичната смрт на тие луѓе целосно е на Хамас. Хамас смислено и цинично испровоцира таква реакција, изјави портпаролот на Белата куќа, Раџ Шах.

Тој додаде дека американската администрација е во тек со настаните во Појасот Газа.

Шах не го повика Израел на воздржаност.

Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денешната акција на Израел на границата со Појасот Газа ја оцени како самоодбрана.

Тој потенцира дека акцијата е насочена против палестинското движење Хамас.

– Секоја земја има обврска да ги брани своите граници. Терористичката организација Хамас објави дека планира да го уништи Израел и да испрати илјадници луѓе да ја пробијат граничната ограда, за да ја постигне својата цел. Продолжуваме одлучно да дејствуваме за да го заштитиме нашиот суверенитет и нашите граѓани, напиша Нетанјаху на Твитер.

Претходно, палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека отворањето на Амбасада на САД во Ерусалим создаде нестабилност во регионот.

– Со ово чекор (преместување на Амбасадата) американската администрација ја заврши својата улога во мировниот процес и го навреди светот, палестинскито народ, арапските и исламските нации и создаде настабилност, истакна Абас.

Американскиот претседател Доналд Трамп во снимената порака емитувана на церемонијата на отворањето на Амбасадата на САД во Ерусалим изјави дека и понатаму е посветен на мирот помеѓу Израел и Палестинците.

– Нашата најгголема надеж е мирот. САД остануваат целосно посветени на овозможување на траен мировен договор. САД секогаш ќе биде голем пријател на Израел и партнер во стремежот кон слободата и мирот, наведе Трамп.

Церемонијата се одржуваше додека Палестинците протестираа на границата меѓу Појасот Газа со Израел, при што загинаа најмалку 50 луѓе.

Палестинското Министерство за здравство претходно соопшти дека 52 Палестинци загинаа, а над 2.400 се повредени при денешниот протест на границата помеѓу Појасот Газа и Израел поради отворање на Амбасада на САД во Ерусалим. Меѓу загинатите има и шест деца помлади од 18 години.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците