Белата куќа го привршува планот за затворање на затворот Гвантанамо

Од:

Белата куќа е во завршната фаза од изработката на планот за затворање на спорниот затвор Гвантанамо во истоимениот залив на Куба и ќе им го достави на пратениците на разгледување, изјави портпаролот Џош Ернест.

Американскиот претседател Барак Обама затворањето на контроверзониот затвора го постави како свој приоритет кога стапна на должноста во 2009 година, но во реализацијата на планот се појавија многубројни пречки, вклучувајќи ја и одлуката на Конгресот за блокада на префрлањето затвореници во Гватанамо во затворите во САД, пренесуваат француските медиуми.

-Администрација е во финална фаза на изработката на планот за безбедно и одговорно затворање на затворот во заливот Гватанамо и ќе му го поднесе на Конгресот, рече вчера  Ернест, додавајќи дека затворот на Куба не е пример за ефикасна употреба на владините ресурси.

Како што Ернест истакна, американски безбедносни претставници на планот работат веќе извесно време, пред се заради тоа што тоа е приоритет на претседателот.

-Тоа е комплицирана работа, но ние постигнавме значаен напредок, наведе портпаролот на Белата куќа.

Против големата поморска база на САД во Гвантанамо на југоисток од Куба е и кубанската Влада, со која Вашингтон неодамна ги обнови дипломатските односи.

Куба наведува дека САД незаконски ја зазеле нејзината територија, па затоа кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез во понеделникот во текот на посетата на Вашингтон ги повика САД оваа територија да и ја вратат на Куба и да го укинат ембаргото кон оваа комунистичка земја.

Воениот затвор беше отворен во јануари 2002 година набрзо по терористичките напади изведени на 11 септември 2001 година во САД.
Во Гвантанамо моментално се наоѓаат 116 затвореници, а најмногу беа во 2003 година – 680.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски