Белата куќа ги разгледува предлозите испратени од Москва за гаранции за безбедност во Европа

Од:

САД се запознаа со предлозите што Русија вчера ги испрати до НАТО и САД и моментално ги разгледуваат со европските сојузници, изјави денеска Џен Псаки портпаролката на Белата куќа.

Псаки одговараше на прашања на новинари во претседателскиот авион кој полета за Јужна Каролина, истакнувајќи дека „преговори за европска безбедност не може да има без учество во нив на нашите европски сојузници и партнери“.

-Ние нема да посегнеме по компромиси за клучните принципи на кои се заснова европската безбедност, како тоа дека секоја земја има право да одлучува за својата иднина и својата надворешна политика без мешање однадвор, истакна таа.

Псаки истакна дека САД имаат заемни дејства со Русија со децении. Во Вашингтон се спремни тоа да го прават и во иднина за да се намали нестабилноста, но, како што повтори портпаролката, такви преговори можат да се случат само во партнерство со европските сојузници.

Кремљ од НАТО и САД побара да гаранции за безбедност на Русија и испрати опширни предлози што вклучуваат и запирање на ширењето на НАТО на исток. Рускиот претседател Владимир Путин бара преговори за безбедноста директно со САД.

За американската страна, „неприфатливи“ се секакви разговори или преговори доколку во нив не се вклучени европските сојузници, изјави денеска официјален службеник од Стејт департментот.

САД се „сериозно загрижени“ од „бројното и неиспровоцирано“ зголемување на руски армиски сили долж границата со Украина, како и постојаното заострување на реториката од страна на Кремљ, од каде лажно тврдат дека иницијатор на конфликтот е Украина, додаде службеникот.

Според него, Вашингтон ќе ја контактира Москва идната недела со поконкретни предлози во однос на форматот на претстојните преговори. Има спремност да се дискутира за руските предлози.

САД јасно ѝ кажале на Москва дека Вашингтон пред сѐ застапува дипломатски инструменти за деескалација на ситуацијата и запирање на агресивните дејства во однос на Украина. Службеникот предупреди дека Запад нема да трпи инвазија на Украина на територија каде Русија веќе седум години поддржува сепаратисти кои окупирале области во источниот дел на земјата.

-Ако продолжи агресијата против Украина, тоа ќе повлече тешки и скапи последици (за Москва), изјавија од Стејт департментот, прецизирајќи дека возвратно Запад ќе прибегне „во основа“ по економски инструменти.

Од Москва пак синоќа изјавија дека се спремни „веднаш“ да започнат преговори со Вашингтон за гаранциите за безбедност што Русија ги бара за да се реши кризата околу Украина.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“