Белата куќа: Бајден утре ќе разговара со Си Џинпинг

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден утре ќе разговара со својот кинески колега Си Џинпинг за билатерални прашања, вклучително и руската инвазија врз Украина, соопшти Белата куќа.

Пекинг одби да го осуди својот близок сојузник Русија поради инвазијата врз Украина, истовремено обвинувајќи ги САД и проширувањето на НАТО кон исток за влошување на тензиите.

– Двајцата лидери ќе разговараат за конкуренцијата меѓу нашите две земји, како и за војната на Русија против Украина и за други прашања од взаемен интерес, се вели во соопштението на Белата куќа.

Кина е под силен дипломатски притисок од САД. Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан и Јанг Џиечи, главен дипломат на кинеската Комунистичка партија, се сретнаа во хотел во Рим оваа недела, на, како што беше оквалификувано во Белата куќа – „значителна“ седница.

СAД подоцна изразија загриженост за, како што го нарекоа, „усогласување“ меѓу Русија и Кина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД